Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Ане Василков

Јас сум Ане Василков, роден сум на 08.11.1995 г. и живеам во Кочани. За прв пат започнав да се занимавам со одгледување на пчели со уловување на моето прво пчелно семејство во 2015 г.
Моите веќе завршени обуки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), ги дознав од мој близок пријател кој веќе се занимава со одгледување на пчели и по моето прво среќавање со оваа дејност ме упати на тие обуки за да стекнам ново знаење. Тие обуки ми помогнаа од моето веќе постоечко пчелно семејство да можам да размножам уште повеќе и да го проширам пчеларникот.
Во моментот имам еден пчеларник кој што се наоѓа во с. Бања и на кој произведувам ливадски мед.
Пчелите се инсекти чие значење за човекот и природата е навистина големо, почнувајќи од медот и восокот кој тие го даваат, па сè до опрашувањето што го вршат кај растенијата. Пчелите се зависни од природата, а и природата од нив, што значи ако пчелите исчезнат од површината на Земјата тогаш би исчезнало и човештвото. Затоа треба сите да се трудиме да ги зачуваме и да не им наштетуваме.
Контакт телефон: 077 463 982
E-mail: ane.vasilkov@medenistok.mk
