Движете го глувчето во било кој правец или вртете со вашиот мобилен телефон за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Благојчо Божановски

Јас сум Благојчо Божановски, роден 12.03.1981 г., од Пехчево. Со пчеларење почнав да се занимавам рекреативно од 2012 година, со 15 пчелни семејства на стационарен пчеларник на м.в. Амушеви Чешми во Пехчево, на 1000 м. н. в.
Денес пчеларам со околу 110 пчелни семејства и имам формирано уште еден пчеларник на Малешевските планини, атар на с. Русиново исто на надморска височина над 1000 метри. Во иднина имаме планови да формираме барем уште два пчеларника на различни локации. На тие пчеларници, зависно од годината, има и ливадски мед, но поради подоцнежната паша, претежно е мешан или планински мед.
Во моментот поголемиот дел од обврските ги работам сам, а имам и огромна помош и поддршка од сопругата Наташа. Во иднина се надеваме дека барем едно, ако не сите од нашите три дечиња, ќе навлезе во светот на пчелите и ќе имаме наследник во одгледувањето на пчели.
За крај, сакам на сите почетници или заинтересирани најпрвин да им честитам на одлуката да се занимаваат со пчеларство, да им посакам успех и многу медни години и апел да бидат големи ентузијасти и да бидат истрајни, зошто многу често со пчелите не излегува на крај како што ние сакаме. Пчелите се највредниот и најбитен дел од сè што постои во живиот свет, а со самото дружење со нив и ние стануваме дел од природата.
Контакт телефон: 070 326 186
E-mail: blagojco.bozanovski@medenistok.mk
