Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Даниела Станкова

Јас сум Даниела Станкова, родена 24.03.1975 г. од с. Крупиште. Со пчеларство почнав да се занимавам од 2016 г., а сега сум сум регистриран фармер.
Се вклучив во обуката за млади пчелари на Програмата за зачувување на природата (ПЗП) каде го посетував основниот и напредниот курс за производство на пчелни производи. Пчеларам со околу 80 пчелни семејства лоцирани во с. Жиганци. Пчеларам одржливо, со примена на биотехнички методи и многу ми се допаѓа методот „отстранување на легло“. Во зависност од патните услови пчеларам и селидбено.
Да се биде во светот на пчелите е посебна привилегија и јас сум задоволна што можам моето време да го посветам на оваа благородна професија.
Се надевам дека свеста во иднина кај овоштарите и човечкиот фактор ќе доминира во правец на зачувување на природата и пчелите кои се значајни за нашиот опстанок. Соработувам со сите пчелари од „Меден Исток“ во размена на новитети и искуства за поефикасно пчеларство и поголеми приноси.
Контакт телефон: 075 303 520
E-mail: daniela.stankova@medenistok.mk
