Движете го глувчето во било кој правец или вртете со вашиот мобилен телефон за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Димче Димитров

Јас сум Димче Димитров, роден 10.12.1958 г. во Кочани. Со пчеларство почнав да се занимавам рекреативно во 2015 г. со три пчелни семејства.
Моментално имам еден пчеларник м.в. Маџирски ниви во близина на Кочани. На овој пчеларник имам околу 40 пчелни семејства, а помош во одгледувањето добивам од мојот син. Произведувам само еден вид на мед – ливадски.
Пчелата е една од најблагородните инсекти, доколку ги нема пчелите, ќе нема ни живот. Затоа мојата порака е до сите да ги чуваме и да се грижиме за сите пчели кои ги има во природата.
Контакт телефон: 078 306 530
E-mail: dimce.dimitrov@medenistok.mk
