Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Гоце Ружински

Јас сум Гоце Ружински, роден 13.09.1985 г., од Берово.
Со пчеларство почнав да се занимавам во 2015 година, рекреативно со 3 пчелни семејства. Кога во 2016 година од една пријателка разбрав за обуките на ПЗП, веднаш се пријавив, бидејќи сакав рекреативното пчеларење да го претворам во мал семеен бизнис. Така почнав да го зголемувам и бројот на пчелни семејства.
Денес имам 2 пчеларника со околу 60 пчелни семејства кои се наоѓаат во атарот на с. Владимирово, во месноста викана Широки дол, место што е оддалечено 20 км од асфалтски пат и каде што не поминуваат никакви моторни возила. Во овие пчеларници има само природен планински еколошки мед.
Во пчеларењето голем дел од обврските ги завршувам сам, но имам голема поддршка и помош од целото мое семејство, така што за во иднина планирам да го зголемувам бројот на пчелни семејства, а се надевам и бројот на пчеларници.
И за крај да кажам дека пчелата е еден од најважните инсекти во светот, таа е најважната алка во природниот еко систем. Опрашувањето на пчелите ја одржува генетската разновидност на цветните растенија, а исто така пчелите се најважниот опрашувач на земјоделските култури. Го сакам пчеларството бидејќи дружењето со пчели ме релаксира и опушта. Едноставно уживам во секој момент поминат во природа.
Контакт телефон: 070 612 343
E-mail: goce.ruzinski@medenistok.mk
