Движете го глувчето во било кој правец или вртете со вашиот мобилен телефон за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Јордан Варадинов

Јас сум Јордан Варадинов, роден на 17.06.1996 г. од Кочани. Со пчеларство почнав да се занимавам рекреативно од 2015-та г., откако се приклучив на обуката на млади пчелари во Брегалничкиот регион.
За оваа обука организирана од Програмата за зачувување на природата (ПЗП) дознав од медиумите и по консултација со пчелари од овој регион кои топло ми ја препорачаа, се пријавив. Таму се стекнав со основните познавања на пчеларството и уште повеќе се разви мојата љубов кон одгледување на пчелни семејства.
Денес, имам околу 30 пчелни семејства и роеви кои ги одгледувам во два пчеларника: еден на Осоговските планини и другиот во Кочанскиот регион, поточно во с. Тркање. Во зависност од годината и пашата, медот е ливадски или мешан со планинскиот. Кога имам повеќе обврски околу факултетот, за одгледување на пчелите или пак консултација ми помага мојата девојка и еден од повозрасните и поискусни пчелари од овој регион.
Обуката ми помогна да ги осознаам основните бенефити и важноста на пчелите во општеството, а јас сега секојдневно се учам и надоградувам за тоа колку се значајни пчелите за зачувување на животната средина, колку се здрави и ефикасни – не само медот, туку сите пчелни производи и како пчелата е една основна алка за зачувување на природата. Освен тоа, одгледувањето на пчелите ми претставува одмор од секојдневниот брз живот со многу обврски.
Контакт телефон: 072 246 147
E-mail: jordan.varadinov@medenistok.mk