Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Марјанчо Арсов

Моето име е Марјанчо Арсов, роден 1974 г., од Пробиштип. Јас лично, со пчеларство активно се занимавам од 1996 г. Моите родители претходно повеќе години, одгледуваа околу 15 пчелни семејства.
Располагаме со приближно 200 пчелни семејства на три пчеларници во околината на с. Пишица и с. Ратавица, како и селидбен пчеларник на локации во источниот дел на Македонија. Работам и со над 200 оподњаци за производство на матици и нуклеуси.
Најголем дел од активностите околу пчеларниците се моја обврска, а во одредени активности помагаат и членови на семејството, како и други колеги пчелари.
Нашето одгледување на пчели е насочено кон искористување на природните услови и потенцијали на регионот за добивање на повеќе пчелни производи: мед, прополис, пчелин восок, полен, матична млеч, пчелин отров, матици и нуклеуси.
Нашиот труд и посветеност кон пчеларството се потврдени и верификувани со повеќе медали и сертификати од реномирани институти на меѓународно оценување за квалитет на мед и пчелни производи.
Членството во „Меден исток“ пред сѐ е стекнување на нови искуства и знаења на одржливи начини на пчеларење.
Контакт телефон: 078 227 161
E-mail: marjanco.arsov@medenistok.mk
