Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Наташа Петрушева

Јас сум Наташа Петрушева, родена на 03.02.1984 г. во Пробиштип, каде што и живеам до моментов.
Со пчеларство почнав да се занимавам од 2017 г., откако ја завршив, по препорака на брат ми, Обуката за млади пчелари од Брегалничкиот регион, која што е во склоп на „Програмата за зачувување на природата во Македонија” – фаза 2 од Проектот на швајцарската агенција за развој и соработка. Во моментов располагам со еден стационарен пчеларник, кој што се наоѓа во атарот на с. Бунеш од 690 м.н.в. Од пчеларникот претежно вадиме мешан мед, од ливадски и планински.
Засега на пчеларникот работиме заедно со мојот сопруг и сме посветени на проширување и претворање на истиот во наша основна дејност.
Би им препорачала на сите да ги сакаат пчелите, бидејќи тие се во основата на животот и се многу важни за зачувување на човештвото и природата.
Контакт телефон: 071 271 953
E-mail: natasa.petruseva@medenistok.mk
