Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Наташа Велковска

Моето име е Наташа Велковска, родена 08.08.1977 г., во Делчево. Мажена со место на живеење во Пехчево.
Моето дружење со пчелите започна како хоби во 2002 година со 10 пчелни семејства, а денес сум целосно посветена на пчеларството и имам 95 пчелни семејства стационирани во непосредна близина на градот Пехчево во м.в. Суви Дол.
Одгледувањето на пчели е макотрпна работа, мора во целост да им се посветите на тие мали трудољубиви инсекти кои произведуваат нешто, што досега науката не успела да го направи по вештачки пат. Доколку работиме за да произведеме квалитетен мед, потребно е големо знаење и искуство, коешто јас го стекнав од мојот сопруг Николчо, кој ми е огромна поддршка во овој семеен бизнис. Меѓутоа, потребно е многу работа, посветеност и вложување.
Едукацијата е доста важно во пчеларството, па затоа јас и мојот сопруг ги посетуваме скоро сите семинари поврзани со пчеларство – како во Македонија, така и во соседните држави. Со учеството на обуката за млади пчелари од Програмата за зачувување на природата и напредната обука за производство на пчелни производи, јас се здобив со големо знаење за пчелите за нивно одгледување, производство на мед и разни пчелни производи.
Доколку работиме за да произведеме квалитетен мед, тогаш и заработувачката ќе биде поголема, но за тоа сепак е потребен и организиран откуп на мед, со што не само Малешевијата, туку и цела Македонија ќе имаат поголем бенефит од производството на мед. Пчелите се всушност оние кои го прават медот „супер-храна“ – тој е исклучително здрав и лековит за човекот, па затоа нас ни преостанува само да се грижиме за нив а природата заедно со нив ќе ни ја дава оваа „супер храна“ за која што луѓето се повеќе и повеќе се свесни за значењето на пчелите во природата.
Контакт телефон: 075 258 127
E-mail: natasa.velkovska@medenistok.mk
