Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Ненад Јанчов

Јас сум Ненад Јанчов. Роден сум и живеам во с. Грљани, Виница. Сместено на тромеѓето помеѓу Плачковица, Голак и Осоговските Планини, селото е од разбиен тип и како и повеќето села во Источна Македонија.
Моите родители уште пред многу години почнале да се занимаваат со пчеларство на некој традиционален начин, за конечно пред десетина години да почнеме активно и попрофесионално да ја развиваме оваа гранка, како една од единствените погодни за овој регион.
Имам околу 120 пчелни семејства на три различни локации (пчеларници), сите на надморска височина над 750 м. каде произведуваме најквалитетен шумски мед во регионот што е потврдено со првото учество и првиот златен медал за квалитет на шумски мед на натпреварот во Нови Сад 2019 г.
Заедно со моите родители и мојот помал брат, веќе неколку години успешно и самостојно опстојуваме во овој бизнис.
Нашата приказна доби пресврт пред две години, кога за прв пат учествував на обука за млади пчелари од Програмата за зачувување на природата, за после да ме повикаат и на понапредна обука за вадење млеч и пчеларски производи не толку познати како медот, но ценети на пазарот, како и други пософистицирани методи на пчеларење . Нешто што најмногу ми се допадна, а и беше пресудно за основање на здружението „Меден Исток”, е тоа што акцентот нема да го ставаме на квантитет, туку на квалитетни 100% природни производи без хемикалии, што ќе ги понудиме на пазарот, а претставува реткост во Македонија и регионот.
Целата оваа приказна не би била успешна да не беше љубовта кон пчеларењето, верата во Бог и надежта за подобро утре.
Контакт телефон: 070 422 369
E-mail: nenad.jancov@medenistok.mk
