Движете ја фотографијата во било кој правец за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Снежана Илиевска

Јас сум Снежана Илиевска, родена 02.02.1982 г. во село Дулица, а денес живеам во Македонска Каменица.
Со пчеларство почнав да се занимавам од 2017 година со 4 пчелни семејства. Таа 2017, отидов на пчеларско предавање во мојот град, без да имам ниту една пчела и без да знам било што за нив. Таму разбрав за обуките за млади пчелари на Програмата за зачувување на природата.
Следен чекор беше пријава и учество на обуката за млади пчелари, а веќе следната година и на напредната обука организирана од истата програма. Денес имам 2 пчеларника, со околу 67 пчелни семејства, на две локации во село Дулица. Околината на моите пчеларници изобилува со багрем, драка, мајчина душица, ливади и шуми, така да медот е претежно мешан – има и ливадски и шумски.
Во иднина планирам да произведувам матичен млеч, полен, роеви и пчелин отров. На пчеларникот на место викано Велидено, во Дулица, сакам да направам мала Апикомора и на тој начин го промовирам пчеларењето и здравјето кое може да се добие од пчелата.
Сакам да напоменам и дека сум поборник на урбаното пчеларење, мојот прв пчеларник со 4 семејства беше на мојот балкон. Чувството кога ги гледаш пчелите како работат рано наутро, како влегуваат во кошницата со полен на нозете и се тоа пиејќи кафе меѓу кошниците, на терасата, ме тера и денес да чувам пчели во мојот дом.
Контакт телефон: 075 391 260
E-mail: snezana.ilievska@medenistok.mk
