Движете го глувчето во било кој правец или вртете со вашиот мобилен телефон за целосно да ја погледнете панорамата од пчеларникот.
Ванчо Кировски

Јас сум Ванчо Кировски, роден 05.11.1968 г., од Кочани. Со пчеларство се занимавам од 1993 г., кога ги купив трите пчелни семејства во трмки.
Во досегашната пчеларска пракса, лично сум ги испробал сите конвенционални и органски методи и технологии на пчеларење и денес со сигурност можам да кажам дека најдобар начин е одржливото пчеларење, со употреба на био-техничките методи: „отстранување на легло“ и методот „кафез“. Сметам дека овие методи можеме да ги усовршиме и искомбинираме за попродуктивно пчеларење.
Пчеларам со околу 100 пчелни семејства, претежно селидбено, на повеќе локации. Најважни сегменти за добро пчеларење се едукацијата, примената на соодветни технологии, добра опрема, навремено и квалитетно завршување на активностите во пчеларникот и да ги оставиме пчелите да го произведат медот на најдобар начин.
Како претседател на ЈГПБР „Меден Исток“, можам да потенцирам дека за нашата успешност и резултатите на секој поединечно, се плод на несебичната поддршка на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 и Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC). Најважно според мене е да пчелариме со љубов, стрпливост и упорност кон пчелите.
Контакт телефон: 078 364 075
E-mail: vanco.kirovski@medenistok.mk
